March 29, 2024, 11:27 am

ВМРО-ДПМНЕ ОХРИД ДОБИВА НОВО РАКОВОДСТВО: Д-р Кирил Пецаков е нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вчерашнипт состанокот, на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нов координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид е избран Д-р Кирил Пецаков, кој е истакнат член на партијата.


Пецаков беше претседател на Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид и член на Извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, како и член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во периодот од 2008 до 2011 година, а од 2009 до 2013 беше советник во општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков важи за еден од најуспешните претседатели на Унијата на млади сили, на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Покрај политиката, Пецаков е вработен како стоматолог во Здравствен дом Охрид, а подолг временски период активно играше ракомет и беше капитен на РК Охрид. Пецаков е оженет и е татко на едно дете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This