ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство да не ги одолговлекува локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција ги повика претставниците на парламентарното мнозинство да не се обидуваат да ги одолговлекуваат локалните избори и веднаш да обезбедат услови за пролонгирање на мандатот на локалната власт.

zaturkovska

– Овој чекор е неопходен со цел да се излезе во пресрет на интересите на граѓаните и потребите на општините, да продолжат нормално да функционираат како сервис на народот кој може да ги решава секојдневните комунални и инфраструктурни барања, истакна пратеничката Лилјана Затуроска.

Локалната самоуправа, како што посочи, е уставно загарантирано право и категорија и никаква тесно партиска стратегија на СДС не смее ова да го загрози.

– Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека народот заслужува да биде прашан што мисли за постизборната измама преточена во тиранската платформа. Доколку парламентарното мнозинство се охрабри во истиот термин со локалните избори би можеле да се одржат и нови парламентарни избори, каде граѓаните не само што ќе ја изберат својата локална власт, туку ќе имаат можност да го кажат својот став и за последните политички случувања и постизборни измами кои СДС им ги приреди, рече Затуроска.

Интересите и потребите на граѓаните, како што кажа, се врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, но тие сметаат дека е неопходно да се почитува и волјата и мислењето на народот за сериозни прашања како тиранската платформа.

– Секое одлагање на СДС да се соочи со народот само дополнително ја продлабочува политичката криза во државата и го зголемува револтот на граѓаните кон нивните незаконски, неуставни и пред се антидржавни чекори кои ги превземаат во континуитет, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This