March 28, 2024, 10:43 am

ВМРО-ДПМНЕ: Патот до Европа не оди заедно со кopyптивните ckaндали на власта, негpижaтa и неспpoведените реформи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада, ова денеска преку соопштение за јавноста го информираат од ВМРО-ДПМНЕ.


-Сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат за Македонија. Уништено здравство, земјоделие и образование не се и не може да бидат прав пат за Македонија. Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат. Патот до Европа не оди заедно со коруптивните скандали на власта, негрижата и неспроведените реформи. Големиот арамилук на владата на СДСМ се гледа од Брисел. Заев во Македонија го инсталираше владеењето на криминалот, безредието, рекетирањето, наместените тендери и безперспективноста. Единствениот прав пат за Заев е да поднесе одговорност за иселувањето на младите, но и за поигрувањето со пензионерите. Да понесе пдговорност за посрамотивањето и ја опустошувањето на Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека на ЕУ не и треба влада која само декларативно ветува и лаже дека гарантира владеење на правото, а во своите редови има корумпирани политичари кои освен сопствениот џеб ништо друго не ги интересира.

-Три години го чувствуваме „блескањето“, но решенија на проблемите нема. Македонскиот граѓанин не може да живее само со „ќе“ живот. Сиромаштијата и катастрофалните економски политики на Заев се правиот пат само за уништување на државата. Само чесни политичари се одговорни пред граѓаните. На Зоран Заев народот ќе му ја испорача сметката на избори. Одговорност за неправдите и за огрешување пред законите ќе има. Прогресот ќе настапи кога неспособната влада ќе си замине во историјата. Тогаш на Македонија ќе и се случи обнова која ќе го врати достоинството на земјоделецот, на младиот човек, на пензионерот, на работникот, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This