ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Драги Рашковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Драги Рашковски, кој од позиција на Генерален секретар на владата ja злоупотребил својата службена положба и овластување, при што има сторено кривично дело според чл. 353 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои ќе се соочи на суд.

Рашковски во периодот од неговото назначување на функција па се до денот на распишување на изборите во неколку наврати организирал именување на ВД директори, на лица кои не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани, и лица кои не поседуваат соодветна писмена препорака од надлежен орган за места за кои тоа било потребно. Рашковски до седница на влада доставувал некомплетна документација за предложените кандидати, а истата ги именувала без да бидат исполнети со закон предвидените критериуми.

Именуваните ВД директори кои немале соодветна писмена препорака истата ја добивале денот по назначувањето и таа била заверена од страна на архива на владата post festum. Со што исто така се вршело кривично дело. Лицата именувани на ваков начин законски се нелегитимни, а лицата кои го дозволиле сето ова мора да сносат кривична одговорност, за свесно креираниот правен хаос.

Рашковски поради ваквите свои нелегални постапки, мора да сноси кривична одговорност. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите инспирирани или охрабрени од Заев ќе одговараат.

Одговорност за ваквиот хаос мора да има и ќе има“, изјави Дарко Костовски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This