April 23, 2024, 11:26 am

„ВМРО-ДПМНЕ предлага добри решенија за секој еден граѓанин, а поготово за компаниите, бидејќи без добра економија ќе имаме еден куп проблеми“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако ВМРО-ДПМНЕ не предлага работи кој друг? Мора да покажеме во оваа држава дека не сме исти, дека сме многу поразлични, мора да покажеме дека навистина се грижиме, мора да покажеме дека овие градоначалници кои победија ќе работата од сабајле до вечер, мора да покажеме дека другите функционери кои ќе ги ставиме ќе работат и ќе нема корупција. Ние како опозиција мора да предлагаме начин да види народот дека размислуваме како да биде подобро. И пак ќе кажам независно од кого е идејата, мора да се применуваат некои работи, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник Владо Мисајловски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

-Кога имаше вонредна ситуација, кога имаше проиблеми во здравството со пандемијата- не` ставија под рестрикции, карантини, ВМРО-ДПМНЕ предлагаше многу мерки, ги одбиваа веднаш, но потоа се покажа дека тие мерки биле добронамерни. Таму има можеби луѓе што ќе го стават прстот на чело и ќе речат- навистина треба нешто да се направи, подвлече Мисајловски и додаде:

„И јас не очекувам од оваа власт апсолутно ништо, но ние како ВМРО-ДПМНЕ предлагаме добри решенија за секој еден граѓанин, а поготово за компаниите, бидејќи без добра економија, верувајте ќе ни бидат поскапи сите производи, ќе имаме инфлација, ќе имаме еден куп проблеми каде што потоа ќе си речеме- добро дали некој предлага добри работи или младиве повторно размислуваат да си заминат од Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This