ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на Влада, но договор со ДУИ се уште нeмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„ВМРО-ДПМНЕ работи на формирање на парламентарно мнозинство. Информации од непотврдени и непроверени извори нема да потврдуваме ниту да демантираме“ – реагираат од партијата по објавувањето на текстови на неколку медиуми на албански јазик дека наводно бил постигнат договор за владино мнозинство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Според шпекулацијата објавена и на порталот „Алмакос“, „Тетова24“ и уште неколку други портали на албански јазик, помеѓу двете партии, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, наводно бил постигнат договор за владино мнозинство во кое Лазар Еленовски би бил следниот премиер бидејќи би бил прифатен и како Македонец но и како Албанец.

Преговорите за формирање на владино мнозинство ќе траат во наредните 20 дена, почнувајќи од конститутивната седница која се одржа на 4. август годинава.

За влада преговараат и СДСМ, а досега само ДПА на Мендух Тачи се изјасни јавно дека ја прифаќаат понудата на Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This