ВМРО-ДПМНЕ РАЗГЛЕДУВА МОЖНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Јавноста навремено ќе биде информирана за предлог кандидатите за претседал на Р.Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последната седница на Извршниот комитет на партијата која што се одржа пред некој ден, задолживме структура од партијата да изготви гантограм на активности кои што практично ќе го следат овој процес, бидејќи немавме јасна изјава во тој момент од страна на надлежните институции во државата кога како, датум по датум практично планираат да се одвива овој циклус на претседателски избори.

Еве сега е појасна ситуацијата, така што многу скоро веќе на некоја од следните седници на Извршниот комитет и гантограмот ќе биде изработен, така што јавноста ја повикуваме да ги следи, активностите на ВМРО-ДПМНЕ и навремено ќе биде информирана околу можните кандидати, можните предлози, можните кандидатки и така натаму. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да биде колку што е можно повеќе транспарентна, да даде одговори на сите прашања на јавноста имам чувство како да повеќе имаме новинарски екипи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ кога имаме седница на Извршниот или Централниот комитет отколку во Владата кога имаме седница.

Но тоа на нас ни претставува еден комплимент, ние секогаш и во минатото, така еве и во иднината ќе се трудиме што е можно по транспарентно, да пред јавноста на Република Македонија ги кажуваме нашите ставови и политики – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за претстојните претседателски избори.

Денеска претседателот на Собранието навести дека на крајот на јануари и почетокот на февруари ќе бидат распишани претседателски избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This