ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на владата ги доведоа граѓаните на работ на сиромаштијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДСМ со кое се зборуваше за наводни реформи за фер општество.

Реформите кои ги спроведуваат ги доведоа граѓаните на прагот на сиpомаштијата. Рекордни 500 000 граѓани одвај преживуваат откако Заев е на власт.

-Граѓаните видоа дека оваа ненародна власт не води грижа за нив. Владата не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение. СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари

стои во партиската реакција и се додава:

Граѓаните се сведоци како Заев и неговата влада не прифатија да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари. Сите штeтни мерки што ги спроведе Заев и неговата Влада, граѓаните ќе бараат одговорност

Зоран Заев, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одговара за рaсипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This