ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ/Сорос толку ги потценија граѓаните – забегаа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ/Сорос 20 години го приватизира и уништува НВО секторот, како да го добиле на тендер во Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-1-1

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ/Сорос толку ги потценија граѓаните и забегаа, што меѓу себе си склучуваа платформи и коалиции, а се обидуваат да глумат некаков невладин граѓански сектор.

Фондација Отворено Општество Македонија, Младински образовен форум, Метаморфозис, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, ЏЕФ Македонија и останатите десетици невладини кои потпишаа договор со СДСМ се само маша на аболицираниот криминалец Зоран Заев преку која коалицијата СДСМ/Сорос го уништува невладиниот сектор 20 години.

Овие квази-граѓански организации палеа и уништуваа за време на платеничката револуција лажејќи дека се борат за правда, а беа предводени од аболицираниот Зоран Заев.

Истите квази-граѓански организации одмолчија и замижаа кога Јанева по втор пат го аболицираше криминалецот Заев.

Лицемерието најдобро се гледа во случаите на Ивана Туфекџиќ и Павле Богоевски, кои наместо борба за правда, донираа илјадници евра на контото на партијата предводена од криминалец кој целата јавност го гледа како бара поткуп, освен неговите поданици на платните списоци на Сорос/СДСМ.

Ваквото грубо силување на невладиниот сектор од страна на СДСМ/Сорос е најдобар показател зошто во Македонија е неопходен и итен процесот на десоросоизација.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This