April 19, 2024, 10:34 am

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ денес дава ветувања од ракав, бидејќи знае дека нема да биде на власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ не престанува безобразно да ги лаже граѓаните. Лажно душегрижништво е кога СДСМ зборува за права на работниците и минимална плата, бидејќи додека СДСМ ја имаше власта во свои раце овие две категории беа научна фантастика, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денес дава ветувања од ракав, бидејќи знае дека нема да биде на власт и нема да треба да ги спроведува. Нивните ветувања ниту ги координирале, со работодавачите, ниту ги базираат на реални економски пресметки.

Доколку покачувањето на минималната плата не е во координација со работодавачите, истото може да повлече отпуштања и одложувања на отворање на ново планирани работни места.

Впрочем СДСМ и досега покажа дека влече катастрофално лоши економски потези, кои што до ден денес оставија несогледливи последици за македонското стопанство, работниците и македонската економија во целост.

Граѓаните многу добро се сеќаваат на времето кога СДСМ и нивните олигарси на улица и без основни средства за егзистенција оставија над 200.000 работници и затворија 684 фабрики.

Тоа беше време на понижени работници, семејства кои немаа приходи за основна егзистенција и родители кои немаа пари да си ги школуваат сопствените деца.

Оние среќните кои успеаја да останат на работа, примаа плати со кои едвај се покриваа основните трошоци за живот.

Иако скоро во секоја кампања СДСМ ја рекламира минималната плата, додека беше на власт, СДСМ одбиваше да воведе закон за минимална плата, единствено сакајќи да го оптимизира профитот на своите олигарси, кои ги опљачкаа македонските работници.

Работниците во Република Македонија за прв пат дознаа што значи минимална плата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, партија која воведе минимална плата, која од првичните  8.050 денари достигна до 10.080 денари и истата и понатаму ќе расте, во рамки на предвидените покачување од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Реално“, базирана на реални економски пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе продолжи со лепеза од мерки и проекти за доброто на работниците и сите категории граѓани на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This