ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се гробарите на невладиниот сектор во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и Сорос се гробарите на невладиниот сектор во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Сорос системски ја уништуваат демократијата преку атак врз секоја мисла која е различна од диктатите на Бихаќка и идеите на Џорџ Сорос во изминативе 25 години.

СДСМ и Сорос системски ги корумпираат новинарите и медиумите, уништувајќи ја конструктивната критика, паралелно блокирајќи ги и процесите за расчистување со црното минато.

Најголемото достигнување на СДСМ и Сорос е деструктивната платеничка револуција. Најголемиот успех е насилството врз полицијата и демолирањето на државните институции. Најголем дострел им се десетиците повредени полицајци и уништените културни споменици. Императив на СДСМ и Сорос е сузбивањето на критичката мисла во Република Македонија.

СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија.

На 11-ти декември народот јасно, одважно и прецизно и кажа „Не“ на целата деструкција во режија на аболицираниот криминалец Зоран Заев  и соросовите инсталации во Македонија.

Народот одлучи: процесот на десоросоизација отпочнува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This