ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да успее во намерите да воведе двојазичност на целата територија

Поврзано

- Advertisement -

Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ и народот на Македонија нема да и дозволат на опозицијата да тргува со националните интереси.

„Зијадин Села со уцената „или двојазичност-или две федерални единици во Македонија“ ја откри крајната цел на Зоран Заев, а тоа е ревидирање на сегашното уставно уредување на Република Македонија. Сега му е мајката, Македонија јасно и одлучно да ги отфрли ваквите намери на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да му докаже дека залудно го испраќа на Косово неговиот функционер Мухамед Зекири. Да му докаже дека залудни се средбите на Зекири со криминалци од Косово кои учествувале во бројни насилни и вооружени инциденти“, реагираат од ВМРО-ДОМНЕ.

Партијата додава дека изборите во декември ќе бидат референдум во кој народот ќе му потврди на Зоран Заев дека нема виткање на кичма и нема пазарење со Македонија и националните интереси.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This