ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува целосно непознавање на енергетскиот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ уште еднаш покажува целосно непознавање на приликите и односот на сите чинители во енергетскиот сектор. Соочен со сигурен пораз на 11-ти декември, СДСМ во очај е подготвен да ги лаже во очи граѓаните ветувајќи и бесплатна електрична енергија за целиот свет, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Митко Андреевски од СДСМ.

vmro-dpmne

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминатите десет години инвестираше преку милијарда евра во енергетски проекти и во модернизација на постојните енергетски капацитети. Успешно е либерализиран пазарот за електрична енергија, почна искористувањето на обновливите извори на енергија како ветерот, сонцето, биомасата, а се обезбедени и соодветни услови за изградба на сончеви електроцентрали, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека е создадена соодветна регулатива врз која во изминатите десет години изградени се преку 60 мали хидроелектрани и значајни капацитети за пренос на електричната енергија, а во моментот се спроведува и проектот за целосна гасификација на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ креира енергетски политики од кои бенефит имаат сите граѓани на Република Македонија, но истовремено тие претставуваат и влог за обезбедување стабилна енергетска иднина за идните генерации, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

СДСМ, како што се наведува, со продажбата на ЕСМ и преносот на државниот монопол во рацете на приватен сопственик директно придонесе за можноста за зголемување на цената на електричната енергија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This