ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку нарачки во порталите под нивна контрола очајно се обидува да обезбеди каква било утеха за нивното членство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со секој поминат ден паниката на СДСМ од неизбежниот пораз на 11-ти декември станува се поголема. СДСМ знае дека народот на изборите ќе избере помеѓу деструкцијата и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев и проектите и просперитетот кои ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Во продолжение следи интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на текстот „Груевски ќе бара од Вашингтон тој да ја состави идната концентрациона влада“ на интернет порталот Плусинфо.

Затоа СДСМ очајно се обидува преку нарачки во порталите под нивна контрола да обезбеди каква било утеха за нивното членство. СДСМ падна толку ниско што преку нивниот Плусинфо сака да гради атмосфера дека после изборите на кои ќе изгубат, некој ќе се смилува и нема да ги остави целосно во опозиција. Концентрационата влада е само пуста желба и сон на СДСМ со кои аболицираниот криминалец Зоран Заев сака да ги манипулира своите членови.

Губитничката атмосфера во СДСМ е реална и основана, бидејќи партијата не работи за народот, туку под диктат на други фактори и за лични интереси на поединци.

Се што Плусинфо напиша е само обична лага и манипулација нарачана од СДСМ. Веќе демантиравме дека ниту била барана средба со претседателскиот кандидат Хилари Клинтон, ниту пак таква средба е договорена. Бранко Героски е до толку истрошен што морал да измислува и дека ВМРО ќе барало амнестија.

ВМРО нема причина да бара амнестија бидејќи како што минува времето, така ќе излегуваат на површина сите политички конструкции на СДСМ и СЈО. Затоа сметаме дека фантазиите на Бранко Героски само ја одразуваат потсвеста на нарачателите од СДСМ кои имаат причина и да се плашат и да бараат амнестија, но треба да знаат дека на крај ќе мора да се соочат со правдата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This