ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лaжe граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо. Неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори. Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо. Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар. На лагите очигледно им нема крај. Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни проекти, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните знаат кој градеше во Македонија.

-Граѓаните од Република Македонија од СДСМ добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција. Граѓаните ги прочитаа СДСМ, кога и да се изборите овие купишта лаги ќе завршат. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира подобра инфраструктура, повеќе инвестиции, и подобри услови за граѓаните, порачуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This