ВМРО-ДПМНЕ: СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори,а на нивно место да постави партиски послушници и докажани митаџии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неодговорната влада на СДС продолжува со влегување од скандал во скандал. Масакрот во македонскиот здравствен систем кој го спроведува неспособниот СДС добива загрижувачки димензии врз потребите и здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-До сега СДС успеа на незаконски начин да разреши дури 60 директори на здравствените установи со што ги руши професионалноста и функционалноста во здравствениот систем, за на нивно место да постави партиски послушници, од кои некои се докажани митаџии.  Со назначување на новиот директор на клиниката за уво, нос и грло Јане Нетковски кој јавноста го виде како го апсат за мито и на кој му беше поднесена кривична пријава, првиот човек на скопска Пулмологија Дејан Докиќ кој има судска пресуда за примање на поткуп во висина од стотици евра кои биле пронајдени кај него, со цел да издејствува преглед на пациент и Иван Барбов назначен на Клиника за неврологија обвинет во судскиот случај „Метастаза“, во кој Барбов заедно со останатите осудени посредувал во издавање на инвалидски пензии, се воведува целосен хаос и безредие на скопските клиники, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедничка карактеристика на овие лица, сопред ВМРО-ДПМНЕ, се барања на поткуп, измами, криминално управување и злоупотреба на должност и овластувања.

-СДС и Заев, сакаат да го уништат македонскиот здравствен систем уништувајќи го професионализмот и деградирајќи го професионалниот кадар, за на нивно место да назначи докажани митаџии за кои не претставува проблем да извршат уште по некое кривично дело. Граѓаните заслужуваат медицински третман кој согласно закон ги следува, без притоа да треба да поткупат лекар за да добијат услуга која по закон ги следува и која лекарот е должен да ја даде, без притоа да бара мито. Но со ваквите кадровски решенија, СДС им праќа јасен сигнал на граѓаните што би ги очекувало доколку се појават на лекар и побараат здравствена услуга која следува со закон. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните, се додава во соопштението.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This