ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Масовен народен протест се одржи вечерва во Скопје.

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ, пред македонската влада денес се собраа над 50.000 граѓани од сите градови ширум Македонија.

Неколку илјади граѓани од внатрешноста иако имале желба, немаа можност да присуствуваат на протестот.
Тие порачаа дека е доста од погубните политики на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

Пред огромниот број насобрани граѓани се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ќе ви кажам нешто- влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, иднината на моите граѓани и нашите деца. И за мене достоинството и честа градена со години нема цена, а нема цена затоа што чистиот образ е огледалото по која треба да се препознае една личност. И како човек ми паѓа многу тешко кога гледам овие денови како некој друг кој е власт во оваа наша убава земја си игра со достоинството на сите и ја распродава честа како на пазар, она што е на сите и што ни припаѓа на сите, го продава многу евтино, иако тоа е бесценето. Си игра со трпението и интелигенцијата на 2 милиони луѓе. Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на Уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само што ќе ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња. Сега вели промената на Уставот не била промена на идентитетот. Ако не беше тоа зошто ја убедуваше јавноста дека нема да дозволи промена на уставот. Уставот ја дефинира нашата земја, нашата држава нејзиното уредување. Тоа е изводот од матичната книга на родените. Сега кога договара промена, сите ќе не ословуваат по тоа ново име. Ако Зоран Заев се напише во изводот дека се вика еве на пример неговиот омилен збор, ЕВРО, сите така ќе го викаме Евро Заев. Ќе направи непоправлива штета, рече Мицкоски и додаде:
„Сакам во оваа прилика да повторам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име. Од ова појасен став нема! Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија било и ќе биде Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија За Македонско Национални Единство. Ќе не заплашуваат, гонат и притискаат, ќе ни се закануваат и армадилата неверници ќе не критикуваат, мене и оваа генерација политичари во партијата, мои соработници и другари, но ќе им порачам нешто од овде, ако некој смета дека ќе се уплашиме, се лаже. Слушајте ме сега добро мои политички конкуренти од СДСМ. Не ви се плашиме! ВМРО- ДПМНЕ не се плаши кога Македонија е во прашање и иднината на нашата земја, нема страв и нема предавање! Затоа што ние одиме по патот на вистината, по патот на татковината, а кога си на таа страна тогаш си победник!“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This