ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД БРАНИТЕЛИТЕ: Сите ние сме вечни должници на нивната храброст и пожртвуваност за татковината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ве молам првин за едно минутен молк во чест на 8 загинати бранители, припадници на специјалните единици на МВР, кои својот живот го изгубија во антитерористичка акција на 9 мај 2015 година, бранејќи го нашиот град и држава од терористичка групација, ова на денешната прес конференција го потенцираше Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вечна им слава! Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои! Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исмед Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ ќе останат засекогаш врежани во македонската колективна меморија, како луѓе кои несебично се ставија во одбрана на својата татковина и заштита на Уставниот поредок на Република Македонија. Голема е жртвата и на 37-те припадници на МВР кои беа ранети и десетиците кои учествуваа во акцијата. Сите ние сме вечни должници на нивната храброст и пожртвуваност за татковината, исткнува Божиновски.

Тој додава дека додека тие ја бранеа државата, Зоран Заев и Оливер Спасовски им свртеа грб на државата и граѓаните. Еден ден по антитерористичката акција отидоа со смеење и се сликаа на местото каде своите животи ги положија 8-те припадници на МВР.

-Нивната жртва за татковината и храброста која ја демонстрираа заслужува најголема почест. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во таа насока на наредната седница на Советот на Општина Куманово ќе предложи подигање на споменик во чест на 8-те бранители, кои не се штедеа за државата. Ги повикуваме советниците од СДСМ да излезат од партиската рамка и да го поддржат овој предлог за Република Македонија и нејзините храбри синови, вели Божиновски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This