ВМРО-ДПМНЕ СЛАВИ ВО КАВАДАРЦИ: Од Кавадарци започнува рушењето на хунтата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев е во голема предност во Кавадарци пред противкандидатот на СДС Бетиане Китев, а во штабот на партијата веќе на големо се слави победата

Новинарот Љупчо Златев кој потекнува од Кавадарци ја најави борбата против хунтата на СДС!

Горд сум на мојот град, кој денеска го најави почетокот на крајот на шарената хунта која неуставно дојде на власт и со притисоци владее скоро половина година.
Горд сум на Кавадарци, мојот град, кој денеска избра капиталист филантроп – наместо комунистички паразит кој во животот не заработил ниту еден денар на слободен пазар, односно се што му стигнало на сметка му стигнало од парите на даночните обврзници во Република Македонија.
Горд сум на мојот град, затоа што избра семеен човек со три дечиња наместо четриесет годишен самец со сексуални девијации во погледот.
Горд сум на мојот град, затоа што се сеќава на децата од Ваташа и сите учесници во НОБ кои беа убиени од БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР, на кој денес нашата влада со гума му ги брише префиксите „окупатор“ и „фашистички“. Црвениот и црниот терор се споија во Македонија, направија резултати но нашиот град не попушти.
Кавадарци беше и остана слободарски град, град кој во себе ја носи пркоста, град кој не дозволува бандити кои тепаат граѓани на изборен ден да победат на изборите. Па ајде да видиме дали Зоран Ѓорѓиев, претседател на СДСМ Кавадарци и директор на ЈП Македонски шуми ќе лежи затвор од 3 години како што предвидува законот за кривично дело „изборно насилство“? Или ќе се шета слободен затоа што „Сите животни се еднакви но некои свињи се поеднакви од другите“.
Мило ми е што во наредните четири години, со градот чив жител сум ќе владее човек кој на слободен пазар од нула стигнал до милиони, благодарение на неговата иновативност и напорна работа. Човек кој се откажа од својата градоначалничка плата и службено возило, човек кој во изминатите години помага на секој на кого му е потребна помош, од негов џеб, од она што самиот чесно го заработил. Човек кој знае што е општествена одговорност. Човек на кој не можеа да му најдат ниту една црна дамка. „Кожувчанка“, „Синалко“, „Македонско пиво“, „Стрит Бар“, „Центар Бар“, се само мал дел од општествено одговорните брендови кои ги изгради Митко Јанчев – следниот бренд на кој тој ќе работи, се вика „Кавадарци“.
Денеска во Кавадарци капитализмот и традиционалните вредности го победија бирократскиот, комунистички паразитизам кој сака да го избрише секој идентитет на човековото битие! Денеска Кавадарци покажа дека сака успешни луѓе кои гризаат наоколу за свое добро и добро на својата околина. Денес во Кавадарци изгуби ненародна хунта а победи патриотски настроен народ кој си ја сака државата.
Ова е мал успех за Македонија, но голем за Кавадарци!
Навистина ми е жал за работниците на Фени кои ќе останат без работа. Пред овие избори тие беа лажени од страна на Владата дека нивната фабрика ќе ја купи некаква измислена бугарска компанија а плата им беше поделена на 2 дена пред избори како хонорар од друга, транзициска фирма, Ватростална, се со цел да ги прелажат да гласаат за Бетијане Китев а не за Митко Јанчев.
Овие работници покажаа свест и издржаа на притисоците и лагите, но црвената хунта повторно ќе им ја затвори фабриката, како одмазда за пркоста. Знаете СДСМ никогаш не отвориле фабрика во Кавадарци, само затвораат и ги продаваат за минимални суми веќе создадените, како што направија со „Тиквеш“ кој нашите дедовци напорно го градеа за тие за џабе да го дадат на еден обичен комерцијалист кој од „Застава 101“ стигна на „Бентли“, но не како Митко со работа да продуцира приватна сопственост, туку со ограбување на државната сопственост.
Со Митко сум се видел 4-5 пати во животот, само на едно здраво сум. Но следејќи ги неговите бизниси, јасно ми е за каков човек станува збор. јасно ми е дека Кавадарци во кое живее целото мое семејство ќе продолжи напред и ќе биде се поубаво место за живеење. Токму затоа безрезервно го поддржав во оваа кампања, тоа не ми ја надмина „новинарската објективност“, едниоставно објективно беше да се поддржи овој човек.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This