ВМРО-ДПМНЕ СО ОСТРА ОСУДА ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО КУМАНОВО: Од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово во кој што од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-1

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој што се гази врз македонското национално достоинство.

ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици.

Од тие причини ВМРО ДПМНЕ укажуваше дека тиранската платформа мора да биде отфрлена и осудена од сите политички чинители, бидејќи ја доведува во опасност иднината на суверена и унитарна Република Македонија.

Револтот од таа платформа постојано расте.

Заради тоа народот е на нозе !

Заради тоа Македонија се буди !

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This