ВМРО-ДПМНЕ СО ОСУДА НА ОДНОСОТ НА ВЛАСТА КОН МЕДИУМИТЕ: Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми кои со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува односот на власта кон медиумите и попречувањето на фоторепортерите професионално да ги извршуваат службените задачи, се вели во партиското соопштение.

-Заканите и навредите кон медиумите се закани кон јавноста и го покажуваат немањето демократски капацитет на владејачката гарнитура. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да се извини на медиумите за недоличното однесување кон професионалците кои само ја вршеа својата работа информирајќи ја јавноста. Премиерот Зоран Заев мора веднаш да го смени својот советник за медиуми кои со закани и потценувачки однос се обиде да ги замолкне и заплаши новинарите, стои во соопштението.

Од партијата посочуваат дека само со преземање на овие чекори премиерот Зоран Заев ќе покаже дека сериозно се залага за медиумските слободи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This