ВМРО-ДПМНЕ со плус 23.000 поддржувачи за 90 дена, СДСМ секој ден губи по околу 200

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На локалните избори, 22,4 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ, за ДУИ и Алијанса за Албанците би гласале 8, односно 6,2 отсто, а за Левица 5,2 проценти, покажува анкетата на МЦМС што ја спровела агенцијата „М-проспект“, телефонски, во периодот од 17 до 24 март 2021 година, на национален репрезентативен примерок од 1.003 испитаници.

Исто така, резултатите покажале и дека вкупно една третина од граѓаните или 34 проценти е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија наесен. Од нив, 15,2 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, а 15,9 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. Најмладите се најмногубројни меѓу оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат со процент од 37,3 отсто.

Ако се спореди најновата анкета на истата агенција со последната направена во декември минатата година или три месеци предходно ќе се види дека ВМРО-ДПМНЕ успеала да направи разлика од околу 23 илјади гласачи во своја корист.

Тогаш СДСМ водела со 0,5 %, сега губи за 0,8 % што доколку се аплицира на излезност од еден милион гласачи ќе се дојде до бројка од 23 илјади луѓе кои за 3 месеци ги смениле своите ставови и од некогашни поддржувачи на власта сега се приклонуваат на најголемата партија во опозицијата.

Тоа значи дека СДСМ секој ден од декември до март губела по околу 200 поддржувачи.

Во оваа анкета не се влезени разочараните од последните неколку афери на власта кои се случија во последниве 30 дена.

Во анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телевизија Телма, спроведена од М-Проспект од 6 од 24 декември минатат година СДСМ имаше разлика од 0,5 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ.

Прашани „Доколку утре се одржат избори за која политичка партија би гласале” тогаш најмногу 18,6 проценти рекле дека би гласале за СДСМ, 18,1 процент за ВМРО-ДПМНЕ, 6,7 проценти за ДУИ, 1,4 проценти за ДПА, 4,6 процетни за Алијанса за Албанците, 0,5 проценти за Алтернатива, 2,4 проценти за БЕСА, 6,2 процетни за Левица и 0,2 проценти за Интегра.

Значителен број граѓани 23,8 процент рекле дека „ќе го поништата гласачкото ливче/нема да излезат да гласаат”, а 17,5 проценти „одбиле да одговорат/не знам”.

Анкетата од декември покажува дека најголема доверба граѓаните тогаш имале во Зоран Заев (39,7%), кој пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски водел со 11,4 % (28,3%).

Сега не е објавен соодносот меѓу рејтинзите на Мицкоски и Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This