ВМРО-ДПМНЕ СО ПОЛНА ПАРЕА НА ИЗБОРИТЕ: Христијан Мицкоски вети победа на 15-ти октомври!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Черчил рекол континуираните напори, работа и посветеност, а не демонстрирањето сила е клучот за искористување на сечии потенцијали. И навистина она што како партија не карактеризира и она што ја прави разликата повидлива и значајна е работата. Таа работа им донесе на граѓаните многу сработени проекти, илјадници мерки и решенија за исто толку проблеми на граѓаните, вака генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го почна говорот на Политичката академија организирана од Конрад Аденауер и институтот „Павел Шатев“.

Тој кажа дека тоа е капитал кој трае, а граѓаните вистински го вреднуваат бидејќи им е значаен. Мицкоски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ на власта никогаш не сме гледале како на привилегија која ќе донесе лично добро, туку напротив како на дадена одговорност да се помогне, да се направи животот подобар, да се решат проблеми од секаков карактер и природа.

-Ние никогаш не велиме дека ВМРО е безгрешно ниту дека ќе ги  решиме сите проблеми, но важна е посветеноста, присутноста  на терен, низ градовите и селата, низ улиците, игралиштата, пазарите. Затоа што нашата сила се луѓето на Македонија. Граѓаните тоа ќе го препознаат, ќе ја видат таа нескршлива волја да се создава и да се помага. Додека нашите противници уверуваат дека зборот бил збор, ние велиме делување а не зборување, изјави Мицкоски

Генералниот секретар се осврна и на историската одговорност која што како што кажа тој ја имаат во овие мигови. Тој напомена дека економијата оди надоле, сите макроекономски показатели покажуваат негативни трендови и практично гледаме како се руши се она што беше создавано со години.

-Се стопираа сите поголеми капитални проекти, градежништвото бележи загуби. Имаме кршење на базичните човекови права, а правната држава се погазува преку обид за носење на неуставни закони, преку именување на функционери надвор од легислативните правила, без да ги исполнуваат основните услови за именување, преку притисоци врз администрацијата, незаконски вработувања, партиско превземање на синдикатите,  се на се сеопшт хаос и демонстрирање на неспособност. Се добива впечатокот, секогаш кога актуелната политичка опција е на власт, Македонија нешто губи, и идентитетски и стратешки гледано во однос на нејзините најважни приоритети. Затоа ВМРО ја има одговорноста да ги исправи работите. Да ја врати сигурноста, државата да се врати на патеките кои значат економски прогрес, отворање на нови работни места, заживување на индустријата, инвестирање во патишта, болници, училишта. Првиот чекор за тоа се локалните избори. За тоа сте значајни вие и вашата работа, изјави Мицкоски

Тој се им даде порака и на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Генералниот секретар на партијата кажа дека тие како партија и оваа кампања ќе излеземе со обемни програми, но тоа не е само слово напишано на хартија туку обврска кон народот дека ќе се исполни. Народот очекува од нас, и од нашата политичка опција да донесе прогрес и да ја вратиме државата на вистинскиот пат, порача Мицкоски.

-Мора да останате отворени спрема народот. Посетете го секое мало, секоја улица и куќа од местото каде што доаѓате. Објаснете им. Иако натежнаа многу проблеми, многу нерешени прашања, секогаш има излез и надеж. Знам дека не може да се реши се, но мора граѓаните да наоѓаат партнер и потпора во вас. Черчил рекол песимистите гледаат потешкотија во секоја можност, а оптимистите гледаат можност за решанија во секоја потешкотија . Затоа вие ќе ја имате одговорноста да ги најдете тие решенија. Вие сте на првата линија во комуникацијата со граѓаните, и  кога на еден човек му е потребно нешто прво се обраќа кон институциите во локалната самоуправа. Тоа е тешка и секако исцрпувачка работа, но граѓаните заслужуваат подобро и повеќе. Вашите одлуки треба да бидат одговор на барањата на граѓаните. Така ќе ги јакнеме и демократските капацитети на општините, изјави Мицкоски.

Мицкоски изјави дека за поголемите проекти од заеднички интерес ќе се слушне експертското мислење, и таквите одлуки ќе се носат во согласност со мислењата на различните целни групи. Расправите и дебатите се првиот чекор до постигнувањето на решенија.

-ВМРО-ДПМНЕ со полна пареа се подготвува за изборите. Општинските комитети се целосно концентрирани кон целта -Победа на локалните избори 2017та. Како партија тоа е нашата најважна цел, обединети околу програмата, целосно поддржувајќи ги кандидатите за градоначалници кои се избрани од партијата ќе настапиме на локалните избори цврсто убеден дека ќе ја освоиме мнозинската поддршка. ВМРО секогаш било и помотивирано, и посилно во драматичните мигови за државата. Во изминатиот период како никогаш порано партијата беше мета на најцрна пропаганда. Таквите напади покажуваат страв а стравот се состои од народот кој не ги поддржува нашите противници и најновата порака стигнува сега на 15 октомври. И слушам дека иако ништо не работат, се храбрат нарачувајќи анкети дека ќе победеле на изборите. Но тука би се присетил на една мисла на Ганди- Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, па се силат и на крајот ти победуваш. Таква ќе биде и оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО е и останува народна партија, емоција и код на македонската држава, изјави Мицкоски, изјави Мицкоски.

Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе говори за економијата, за новите работни места, за земјоделците и нивните проблеми, за образованието, здравството, инфраструктурата, за напредокот во секој поглед и во секој сегмент, за новите перспективи на земјата и сите граѓани, нови можности и шанси, за нови инвестиции,…

-Нималку наивни дека тие овде ќе престанат, но свесни дека токму со овие избори ќе се покаже една јасна и недвосмислена волја на нашиот народ за напредок на својата татковина, но и порака до сите дека оваа земја е земја на граѓаните на Македонија и тие одлучуваат за нејзината иднина, никој друг не може да крои прекројува како што се туѓите интереси, туку за оваа земја одлучуваат нејзините граѓани и тие најдобро знаат кој треба да ги застапува кој може да им помогне во секојдневните проблеми, и кој може да го чува нивниот интерес, изјави Мицкоски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This