ВМРО-ДПМНЕ СО РЕАКЦИЈА НА НОВИОТ СКАНДАЛ СО ГРАНТОВИТЕ ЗА ИНОВАЦИИ: Трајче Трајков – прв братучед на велешкиот градоначалник од СДСМ земал грант за правење керамички садови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Списокот на функционери и нивни блиски луѓе кои земале грант од Фондот за иновации секојдневно се зголемува, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Денес во медиумите можевме да забележиме уште едно име кое земало грант од Фондот за иновации, а како што можеме да прочитаме се работи за прв братучед на велешкиот градоначалник од СДСМ Аце Коцевски. Дали Трајче Трајков, прв братучед на Аце Коцевски од СДСМ е уште еден сомнителен иноватор кој земал околу 45.000 евра од фондот за иновации? Трајче Трајков со неговата фирма Хемија Комерц ДООЕЛ Велес преку Фондот за иновации земал 45.000 евра народни пари за проектот ,,Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови’’, истакнува Арсовски.

Тој посочува дека овој мега скандал зазема се поголеми размери и граѓаните со право очекуваат оставки.

-Првиот братучед на Аце Коцевски, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, Весна Кузмановиќ и многу други блиски лица до СДСМ ги испумпуваат народните пари преку своите наводно “иновативни” проекти. Вмешаните функционери во овој мега скандал немаат доблест да си поднесат оставка од морални и етички причини. Иновативниот криминал поврзан со Фондот веќе целата јавност го виде и тој тежи околу 10,5 милиони евра. Конфликт на интереси, злоупотреба на службена должност и уште десетици други дела казниви според законската легислатива на Република Македонија, додава партискиот портпарол.

Арсовски истакна дека како партија го охрабруваат Јавното обвинителство да дејствуваат непристрасно и според законите како што им налагаат.

-Не треба човек да биде правник за да види дека овде има основа за кривично гонење на иновативниот криминал во десетици случаи за испумпување на народни пари во приватни џебови на лица кои се блиски на СДСМ или нивни функционери. Овој криминален мега скандал мора да се истражи во детали и во ниту еден случај ниту случајно да не се обидат СДСМ преку своите канџи во судството да го заташкаат или да го исперат криминалот. Се работи за очигледен криминал кој го виде целата јавност и се случува пред очите на јавноста. Во спротивно еден ден кога ќе се отараси судството од канџите на СДСМ сите до еден ќе одговараат за овие скандали кои ни се случуваат пред нашите очи, истакнува Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This