ВМРО-ДПМНЕ: Стравот кај граѓаните расте.Анѓушев и Заев ќе имаат одговорност доколку ЕЛЕМ се претвори во нов бонбона бизнис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За СДС и за Владата на Заев не претставува никаков проблем што мешетар и неуспешен кадар од Србија ќе биде увезен по итна постапка за директор на најбогатата државна фирма ЕЛЕМ, вели Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Го повикуваме вицепремиерот Кочо Анѓушев да не молчи и да не изигрува безгласна буква во Владата. Тој како познавач на темата енергетика треба да искаже цврст став и да спречи еден ваков сомнителен лик, кој во Србија го поврзуваат со промашени тендери луксузи и неодговорност,  да стане директор на столбот на македонскиот енергетски систем. Кочо Анѓушев треба да застане на страната на македонската професорска и експертска фела од областа на енергетиката бидејќи именувањето на српски државјанин кој е набркан од раководната функција на Електропривреда на Србија е само девалвација на нивното знаење и искуство. Премногу е сериозно сега да молчи и да остава една ваква позиција да биде дел од обичен политички пазар. Доколку молчи тогаш и тој ќе биде одговорен за последиците од еден ваков скандалозен потег на Владата на Зоран Заев . Со молкот на Анѓушев стравот на граѓаните станува се поголем дека именувањето на еден лик од типот на Александар Обрадовиќ има за цел, да го доведе ЕЛЕМ до дереџе од кое единствен излез ќе биде приватизација. Македонските хидроцентрали, термоелектрани, 4.800 вработени и 98 проценти од  домашното производство на струја, ќе бидат доведени во прашање. Кочо Анѓушев ќе има подеднаква одговорност како и неговиот шеф Зоран Заев доколку ЕЛЕМ се претвори во нов бонбона бизнис, потенцираше Ѓоргиевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This