ВМРО-ДПМНЕ: СЈО да го почитува законот и да ги уништи незаконски снимените разговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЈО прави политичка хајка насочена кон ВМРО-ДПМНЕ. Слабеењето на ВМРО-ДПМНЕ е со намера да се ослаби државата. СЈО не само што слепо ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев, туку почна и да се однесува како него. Ниту ги интересираат, ниту ги почитуваат законите, истакна на прес-конференција пред СЈО, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СЈО се формираше со закон поддржан од четирите најголеми политички партии. Имаа рок од 18 месеци за да отворат истраги и да финишираат со обвиненија. Тој рок истече на 30-ти јуни. Секое дејствие кое СЈО во оваа насока би го презело натаму е тешка повреда на законот. СЈО има обврска да го почитува законот и да ги уништи незаконските материјали. Доколку СЈО не постапи согласно закон и не ги уништи во соодветна постапка незаконски прислушуваните материјали, сноси сериозна одговорност и ги зголемува ризиците за натамошни уцени и политички притисоци врз сите кои биле цел на Верушевски, Заев и останатите обвинети од „Пуч“, рече Костовкси.

Дека СЈО настапува исклучиво политички и во координација со СДС најдобро говори фактот што во нивните монтирани случаи се опфатени стотина лица од партијата.

-Само од ВМРО-ДПМНЕ. Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Заради тоа, без никаква основа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг, рече Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This