ВМРО-ДПМНЕ: Уметници, интелектуалци и пратеници се наоѓаат во притвор, додека криминалци и убијци се ослободуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија е узурпирана државата и укинато е владеењето на правото.

Во Македонија денес сеуште има политички затвореници. Уметници, интелектуалци и пратеници се наоѓаат во притвор наместо да бидат дома со своите семејства, додека криминалци и убијци се ослободуваат и шетаат по улиците. Светот полека се запознава со недемократскиот режим во Македонија. Колегите на угледните професионалци кои се наоѓаат во македонските затвори веќе реагираат на газењето на човековите права и на фактот дека овие луѓе без никакви докази се наоѓаат во притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Десетици уставобранители се наоѓаат во Шутка, додека владините претставници по соседството лицитираат со македонската историја и иднина. Судот мора да почне да дели правда, а не политика. Судот треба да собере сили и да ја признае грешката со притворањето на уметници и интелектуалци без никаква основа. Во Република Македонија десетици луѓе се ставени во притвор, како дел од монтиран случај, само затоа што изразиле спротивен став и гласно се спротивставиле на една политика. Притвор се користи како казна и средство за заплашување на политички неистомисленици наместо како мерка на претпазливост, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Институциите кои треба да го штитат правниот систем ги кршат законите и правните постапки на секој чекор. Притворените се соочени со кршење на нивните права во сите фази од процесот. Незаконитоста во постапките е нотирана и од Народниот правобранител. Судиите и обвинителите се должни да издржат и да не потпаѓаат под притисок, бидејќи нивната професија го налага тоа. Македонија нема да биде дел од Европа се додека не се врати правната држава и не се воспостави владеење на правото. Македонија не може да стане членка на НАТО се додека правосудниот систем се користи како алатка за политички прогон. Нашата заедничка држава не може да тргне напред се додека патриотите се во затвор, а презумпцијата на невиност е само празна флоскула. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This