April 16, 2024, 12:28 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја paнгиpaшe Македонија на трето мecто по cmpтност во свeтoт и избpишa двa гpaдa кoлкy Македонски Брод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на починати од корона во Македонија ја надмина бројката 7 илјади. Поточно последната статистика на Министерството за здравство вели дека починати се 7.019 лица, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека на светската мапа на починати Македонија се искачи на високо трето место по смртност.

-Или има 3.366 починати на милион жители. Пред Македонија се Перу и Босна и Херцеговина. На мапата на смртност во Европа, Македонија е втора. Бројката на починати од корона во Македонија е 7.019 или тоа е повеќе од бројот на жители на 10 градови. Колку за илустрација Демир Хисар има 2.593 жители, Демир Капија има 3.275, Пехчево има 3.237, Македонски Брод има 3.740, во оваа група се и Валандово, Македонска Каменица, Крушево, Богданци , Кратово. И после сето ова Министерството за здравство се уште го води Венко Филипче, кој очигледно сака повеќе да глуми политичар, отколку да работи за тоа што е платен од граѓаните, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче убил повеќе од 7 илјади граѓани, убил два помали града од Македонија!

-Филипче со својата неспособност од мапата на Македонија избриша два града колку Македонски Брод, наведуваат во соопштението од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This