ВМРО-ДПМНЕ ЦЕЛО ЛЕТО НА ТЕРЕН ПОМЕЃУ ГРАЃАНИТЕ: Работиме цело лето на терен меѓу граѓаните, заедно со нив ја градиме нашата програма!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На следните локални избори ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оствари  голема победа – ова во гостувањето на вестите во ТВ „24 Вести“, го најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој меѓу другото зборуваше и за новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ,договорот за добрососедство со Бугарија и локалните избори

На прашањето на новинарката за очекувањата од претстојните локални избори,посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно за изборите ,инфраструктуно и кадровски и дека очекуваат голема победа.

-Во тек е  подготовка на нашите програми,ние имаме една фаза на таканаречено работно лето,јас бев дел од тоа  работно лето,голем дел од функционерите од Извршниот комитет и останати партиски  функционери беа и се  на терен и ќе продолжат  да бидат на терен за време на оваа лето, посочи Мицкоски.

-Ние се среќаваме со граѓаните, учиме доста од нив, добиваме предлози и сугестии, некогаш и критики за некои грешки од минатото, сето тоа ќе претставува една изворна основна база за да ние ги составиме нашите програми, да ги профилираме луѓето кои ќе ја добијат подршката од граѓаните на следниве локални избори, рече Мицкоски.

-Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да го подржат ВМРО-ДПМНЕ, да застанат позади ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин ќе може да ги поразат сите анти-државни, анти-народни политики на СДС, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This