March 29, 2024, 12:39 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Што побрзо предвремени избори заедно со локалните за излез од кризата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одговорност за понатамошниот развој на состојбата носат сите политички чинители, вклучувајќи ги претставниците на меѓународната заедница. Многу избрзани и непромислени чекори и изјави од кој било фактор создаваат и можат да создадат сериозни тензии во целокупното општество.

vmro-dpmne-2

Тоа го истакнала делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Никола Груевски, на вчерашната средба со еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Вајгел, Кукан и Фланкенштајн, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е наведено во соопштението, од ВМРО-ДПМНЕ посочиле дека предвремени избори секако ќе има, но колку побрзо се одржат тие, толку подобро за Република Македонија. Потребно е да се искористи можноста тие избори да се одржат заедно со локалните избори, во најбрз можен рок, со цел ставање конечен крај на долгогодишната криза, која во овие денешни околности очигледно не е во можност да заврши, навеле од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, стои во соопштението, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ многу директно, јасно и прецизно ги претстави своите позиции за моменталната политичка состојба, но и за сите причинители, поттикнувачи и извори на неколкугодишната криза во Република Македонија, која СДСМ ја започна вечерта на изборите на 27-ми април 2014-та кога не ги призна резултатите и одлучи да не учествува во парламентот.

ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, отворено зборуваше за директното мешање на надворешни фактори во создавањето на кризата, неприфатливата улога и мешање на неколку амбасадори во процесот на формирање на Владата, улогата на СЈО како политичка испостава на СДСМ и на некои надворешни центри за уцени, притисоци, замолкнување и закана кон политичари, новинари и медиуми, политичката измама со пост-изборното презентирање на платформата од Тирана како документ предуслов за составување на Влада, неприфатливоста на вмешувањето на други држави во внатре-политичките процеси во Република Македонија, свесното кочење и одложување на локалните избори од страна на СДСМ, разочараноста што Европската Комисија не ја осуди платформата, намерата на одредени центри да се скрши и по можност елиминира ВМРО-ДПМНЕ со цел да се редефинира државата со клучна цел да се промени нејзиното име и идентитет и многу други теми за кои очигледно на претставниците на ЕУ беше добро да им се предочат јасно и без задршки, со прецизни факти, аргументи и информации, и со разјаснување на некои работи за кои беа дезинформирани или лошо разбрани.

Од страна на делагацијата на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека направиле огромен број сериозни чекори во минатите неколку години со цел да се надмине политичката криза, но и фактот дека таквите чекори и добрата волја беа злоупотребени.

– ВМРО-ДПМНЕ останува на позицијата дека на последните избори се случи политичка измама на граѓаните со тоа што платформата од Тирана, поставена како предуслов за формирање на Влада, воопшто не беше претставена пред граѓаните и тие не беа информирани за намерата на некои партии да извршат редефинирање на државата и изигрување на нејзиниот Устав. ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека мнозинството од македонскиот народ не може да биде оставено во опозиција и без право да учествува во раководењето и одлучувањето за иднината на својата држава, притоа почитувајќи го истото право и на сите други граѓани, стои во соопштението.

Македонските граѓани, навеле од ВМРО-ДПМНЕ, се крајно сензибилизирани и револтирани затоа што не само што се крши принципот „победник со победник“, кој меѓународната заедница го наметна, туку јасна е намерата преку тоа кршење, мнозинството Македонци да одат во опозиција за да можат албанските партии заедно со СДСМ како поразена партија поддржана од малцинството од граѓаните и особено од малцинството од Македонците, да го сменат името и идентитетот, и да ја применат Тиранската Платформа со цел редефинирање до непрепознавање на земјата, и оти СЈО е главната алатка за олеснување и спроведување на тој план, чиј планер заборавил дека Македонија освен партии и политичари има и народ, и дека ова што се случува е „политичко силување“ на државата и на народот и неговата волја.

На средбата заеднички било констатирано дека Република Македонија под раководство на ВМРО-ДПМНЕ спровела огромен број значајни проекти и реформи кои помогнале на граѓаните, но и ја доближиле државата кон Европската Унија. Биле опфатени и други теми како опасностите од повторување на мигрантската криза, проблемите, перспективите и потребите на целиот регион за побрза интеграција во ЕУ.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This