ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА ОСУДЕНИТЕ ОД 27.АПРИЛ: Христијан Мицкоски ќе бара амнестија за осудените на 81 година затвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Имаме луѓе кои се осудени на вкупно 81 година затвор, а во Охрид се случи убиство каде што човекот кој го направи тоа убиство е осуден на 5 години затвор. Да не зборувам за сите оние неразоткриени случаи на убиства по скопските улици, скопскиот асфалт. За сите оние тероризирања, физички напади, обиди за убиство кои се случуваат, пресметки со ножеви и така натаму, а сите тие се квалификувани како насилство. Е, сега овој случај се темели на тоа дека имаме пресуда која е еднаква на 81 година затвор. Ја користам оваа прилика, бидејќи ова е свежо да ја информирам Македонската јавност дека пред партиските органи ќе предложам и ќе побарам поддршка од ИК и ЦК но и од страна на пратеничката група да изработиме закон за аменстија на овие луѓе, бидејќи очигледна е политичката пресметка, а не докажувањето на кривичното дело. И, доколку добијам поддршка и се изработи овој закон истиот ќе се поднесе во Собранието, односно во собраниска процедура и ќе побарам поддршка од страна на господинот Зијадин Села да го поддржи истиот закон“ – изјави Мицкоски на „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

Очигледно дека станува збор за политичка пресметка, додаде шефот на опозицијата, станува збор за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за притисок врз семејствата на тие луѓе, и имаме човек денес, пример кој беше држен 8 месеци во притвор, а е прогласен за невин. Како го толкувате вие тоа?

Очигледно е дека се работи за политичка пресметка, осудени се луѓе кои се родители, луѓе кои двоеа и го спроведуваа редот на тој немил настан таму во Собранието на тој ден, да им се даде драконска казна, а за слични такви дела се даваат по 1-2 години, тогаш не можам ништо друго да поверувам освен дека се работи за политички мотивирани пресуди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This