ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забpaниме увоз на тутун дури не се откупи домашното производство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тутунот е стратешка земјоделска култура од која живеат десетици илјади семејства во Македонија. Власта на Заев покажа дека не се грижи за нивниот труд, туку се става на страната на откупувачите и затоа тутунарите не можат да си го наплатат својот труд, се чувствуваат изневерени и погазени.

-Во првата можност ќе го измениме Законот за тутун и ќе забраниме увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец. На овој начин ќе се постигне повисока откупна цена на тутунарите и реално вреднување на нивната мака и труд. Не смее да се дозволи уште една пропадната реколта во која тутунопроизводителите ќе продаваат килограм тутун по цена од една кутија цигари, цена која не е доволна да ги покрие основните трошоци за производство, а не пак да остане нешто за живот на овие вредни семејства.

Овие четири години власт на Заев се четири украдени години за граѓаните, а посебно за тутунопроизводителите. Наместо македонскиот тутун да се откупи по реални цени, Заев овозможи да се увезува тутун од странство и на тој начин тутунарите ги доведе во подредена положба и да бидат ограбени. Доста е, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This