ВМРО-ДПМНЕ: 4 нeдeли мy тpeбaа на Заев да смисли какo дa гo cпacи Филипче и нa кpaj гo oбвини кaбeлот зa 14 живи изгopeни лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири недели му требаа на Заев да смисли како да го спаси Филипче и на крај го обвини кабелот за 14 живи изгорени луѓе. 4 недели Заев молчеше. 4 недели се переа од одговорност. За на крај да утврдат дека никој не е виновен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дури и да се земе како точна тезата на Заев дека кабелот е причината за пожарот Филипче и Хасани носат одговорност зошто употребиле високо запалив материјал од таканаречени ПУР панели, а не вградиле ПИР панели. Филипче и Хасани со вградување на ПУР панели во болницата и пресудиле уште кога ја поставиле. Болницата изгоре, беше целосно пеплосана за 3 минути, а тоа не е време ниту за кое може еден човек да се евакуира, а не пак 14 луѓе. Филипче и Хасани носат одговорност и зошто во тетовската болница не е искористен објектот на два спрата во рамки на болницата кој е од цврста градба и е празен, а се што требало е да се опреми со медицинска опрема и да биде спремен за пациенти, таму ниту ќе дошло до краток спој, ниту ќе изгорел објектот како чкорче кибрит, се наведува во соопштението на партијата.

Филипче и Хасани се виновни по сите основи, и оставката е најмалку што можат да направат.

Исто така очекуваме ЈО да не ги следи во линија тезите на Заев и да преземе активности кон првите луѓе во министерството.

Не смее 14 луѓе живи да горат, а за тоа никој да не е виновен. Одговорност мора да има.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This