April 26, 2024, 11:04 pm

ВМРО-ДПМНE: СДСМ со својата шпекулативна политика ја зголеми каматата на еврообврзницата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ со својата шпекулативна политика и манипулирањето со јавниот долг не направи ништо друго освен што ја зголеми каматата на еврообврзницата и ги чинеше македонските граѓани 30 милиони евра, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Тоа се 300 локални патишта, стотина градинки или 38 училишта, кои отидоа во ветер затоа што СДСМ не ги гледаше државните интереси, туку тераше партиска пропаганда со еврообврзницата.

Единствено што СДСМ успеа да го направи пишувајќи писма до странските инвеститори за еврообврзницата е да ја зголеми цената на капиталот – каматата. Така народски кажано, поради политичка пропаганда на СДСМ – земавме помалку средства, но по повисока цена.

Да потсетиме на изјавата на Заев дека ако во иднина дошле на власт и тие ќе се задолжувале, ама наменски. Заев наменски во ветер фрли 300 локални патишта, стотина градинки и 38 училишта, кога им пишуваше писма на меѓународните инвеститори повикувајќи ги да не инвестираат во еврообврзницата и со тоа ја качи нејзината цена. Намената беше единствено СДСМ политички да поентира.

СДСМ десет години веќе зборува за грчко сценарио, кое никако да се реализира.

СДСМ добро знае дека еден од изворите за покривање на буџетскиот дефицит предвиден за годинава е издавањето на државни хартии од вредност. Впрочем тие ги воведоа државните хартии од вредност кога беа на власт.

Да го потсетиме СДСМ и дека во последниот извештај на ММФ за Македонија, функционирањето на пазарот на државни хартии од вредност доби пофалба од Фондот, и покрај опструкциите на тогашниот дополнителен заменик министер Наумов. Исто така, добивме оценка дека нивото на долгот е умерено. Со оглед дека СДСМ пропагира аранжман со Фондот, што инаку значи ново задолжување, зошто тогаш не го удостојат нивното мислење и признаат дека нивото на долг е умерено и дека пазарот на државни хартии од вредност одлично и соодветно функционира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This