ВМРО НЕМА ДА ДОЗВОЛИ АКЦИЈА СПРОТИВНА НА УСТАВОТ: Христијан Мицковски за плановите на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историското ВМРО често пати се исправило пред сите предизвици во минатото, но и наследникот на историското ВМРО преточено преку ВМРО-ДПМНЕ изминативе години често знаеше да се исправи како стожер и браник на државноста на Република Македонија, па така и овој пат ние нема да дозволиме ниедна акција да биде преземена која ќе биде спротивна на уставот и законите на оваа држава, а со тоа ќе имплицира подривање на националните интереси на Македонија, вели во интервју за ТВ Нова, Христијан Мицкоски.

mickovski-640x360

 

Мицкоски смета дека доколку политичките партии излегоа со албанската платформа на изборите ќе го добиеја судот од граѓаните на Република Македонија.

– Секако дека размислуваме, секако дека имаме план, но во интерес на процесот не би сакал сега да коментирам гласно кои се чекорите што ќе ги преземеме. Секако дека имаме разгледувано повеќе сценарија, имаме одговори на прашања и енципирано на можни ризици, така да подготвени го пречекуваме процесот, но она што е поважно овој момент е да овие луѓе конечно се охрабрат и излезат со таа платформа пред граѓаните кои тоа го очекуваат од нив, бидејќи знаете, они не излегоа со оваа платформа на изборите, оваа платформа е резултат на оној постизборен инженеринг. Да излезеа со таква платформа и да ја ставеше на увид на граѓаните, без разлика дали се тоа ДУИ и останатите партии од албанскиот политички блок или нивните поддржувачи – опозициската СДСМ, граѓаните ќе го дадеа својот суд, кажа Мицкоски во интервјуто за ТВ Нова.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This