ВМРО-НП СО ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА ВМРО-ДПМНЕ НА ЛОКАЛНИТЕ: Работен состанок на Зоран Илиоски со ВМРО-НП во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Локалниот огранок на ВМРО-НП во Битола денеска на работен состанок со кандидатот за градоначалник кој тие го поддржуваат, а доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Зоран Илиоски. Како што беше истакнато, на состанокот се разговараше за чекорите кои ќе се преземаат по доаѓањето на Илиоски како градоначалник, односно како што беше посочено, со доаѓањето на новата локална власт. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Ова не е за нас прв работен состанок, неколку пати се состанавме досега, но мислам дека ова ќе биде последен до изборите. Поддршката ВМРО-НП ја даде на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Илиоски, очекуваме в недела ќе биде официјално прогласен за градоначалник. На средбите на кои разговараме повеќе не интересира како после тоа, откако Илиоски ќе стане градоначалник, отколку сега. Во овој момент, овие избори за нас се завршени, победата во недела ќе биде прогласена. Сите тие средби се посветени на работата после тоа. Она што го ветуваме во изборната програма, индивидуално ние како ВМРО-НП, што побрзо да биде остварено во интерес на граѓаните, граѓаните да почувствуваат промена што можеби 27 години досега не се случила. Граѓаните ќе видат брз напредок за развојот на Општина Битола. Би сакал да истакнам и дека се јавува и еден случај на лажно претставување, односно лажна ВМРО-НП. Тие луѓе, се работи за осум луѓе, се исклучени од партијата и се приклучија со поддршка на СДСМ. Очекував да залепат и некои налепници од ВМРО-НП, па да поднесеме кривични пријави, но тоа се уште го нема. Во секој случај одиме позитивно и овие избори ќе го донесат она што сите го бараме, развојот на Битола да тргне со брзи чекори напред.“ – истакна Горан Невеновски од ВМРО-НП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This