ВНАТРЕПАРТИСКИ ПPEПУKУBAЊА ВО ПРИЛЕП: Партиска пpecмeткa во СДСМ Прилеп резултира со разрешен директор на ЈКП “Комуналец?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали поради кривичната пријава, или под притисок да биде потписник за нечии бизнис идеи, Ѕвонко Јованоски веќе не е директор во ЈКП “Комуналец” Прилеп – пренесува локалниот портал „Маркукуле.мк“

За добрите познавачи на внатрепартиската состојба, ова е уште една коцка во хаотичниот мозаик на кардовски решенија, кои резултираа со пропаст на Прилеп за само 15 месеци – додаваат од порталот.

Неофицијално постои и анегдота низ чаршијата дека никој не треба да се разочарува од разрешувањето, бидејќи во Локалната Самоуправа има место за сите, па и на екс директорот можеби ќе му биде измислено место – Координатор за јавни претпријатија, како што многу партиски кадри, кои беа гласноговорници против непотизмот и превработеноста, потоа станаа координатори за нешто во Општина Прилеп?, велат од „Маркукуле“.

Се очекува ова место во ЈКП “Комуналец” да го потполни нов партиски кадар со подолго работно искуство во Општина Прилеп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This