April 19, 2024, 11:12 pm

ВНИМАВАЈТЕ:Мистериозна жена се обидува да влезе во становите низ Центар, Кисела вода и Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните мрежи се пренесува фотографијата од оваа мистериозна жена кој во изминативе денови се обидела да влезе во станови во Центар, Кисела вода, но забележана е и во Бутел.

-Оваа жена вчера проба да влезе во сите станови од нашава зграда. Вчера буквално во сите станови ја отвораше вратата, а можеби и по другите згради во Кисле вода, напиша една жителка од оваа населба на Фејсбук.

Некои сметаат дека е под дејство на алкохол, а снимките од камерата покажуваат дека навистина делува замаено, но очевидците тврдат дека се преправа и се обидува да ја отвори вратата на секој стан. Само во еден стан од зградата влезната врата била отворена, но станарите биле внатре и ја избркале.

Во Центар се обидувала со приказната дека барала каде се пали светлото во ходникот и бара некои луѓе на погорните катови. На социјалните мрежи се споделуваат најразлични искуства со женава. Во една зграда ги вознемирила сите станари влегувајќи им буквално среде стан, а откако ќе изреагирале истрчувала низ вратата велејќи дека згрешила. Сите кои имале можност да се сретнат со неа ја препознаваат на фотографиите.

Влегува по домови, но има посочен и пример дека била и во работни простории и барала пари за лекови. Во Бутел 1 била пријавена во полиција од страна на жителите кои се вознемириле откако влегла во сите куќи без да тропне или да ѕвони, но набргу била пуштена од полицијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This