Внимавајте: Забрана за сообраќај поради снежни наноси во неколку делови од земјава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради остатоци од снег на коловозот, забрана за тешки товарни возила и автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На патот Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

Забрана за сите видови моторни возила, пак, е водена на патниот правец Ранковце – Герман има забрана за сите видови моторни возила. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This