ВНИМАВАЈТЕ: Магла на Стража и Плетвар,Неколку патни правци се непроодни поради врнежите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а дожд со слаб интензитет врне во западниот дел од земјата, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Намалена видливост поради магла, од 50 до 100 метри, има на планинските превои Стража и Плетвар.

Според информација од ЈП „Македонија пат“ на патниот правец Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. Се препорачува овој патен правец да не се користи.

Поплавување на подвозникот има и кај клучката Матка во близина на бензинската станица „Бис оил“ во Општина Сараj.

„Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП „Водовод и канализација“. Заглавени биле четири моторни возила, а луѓето од истите биле извлечени. Екипите се се уште на терен“, се вели во извештајот на АМСМ.

Локалниот пат село Железнец – село Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови.

На неколку патни правци има одрони, поради што се препорачува внимателно возење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This