ВНИМАВАЈТЕ: Македонија вечерва во портокалова фаза – доаѓа голем снежен бран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а од пладневните часови од запад ќе се поинтензивни. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.

snegnoke20173

Ќе дува слаб до умерен, во западните и североисточните делови повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Утре ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни. Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 cm. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток.  Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This