ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ЗНАЦИ: Што значи белата линија на пилешкото – експертите предупредуваат да внимавате што јадете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се’ поголем број пилиња се подложни на мускулни заболувања, бидејќи се приморени да растат брзо, како би се задоволил нормативот за продажната тежина.

Поради протеините со кои обилува, експертите често ги препорачуваат пилешките гради. Но како да дознаеме дали пилешкото што го има на пазарот е добро за нашето здравје.

Токму, поради популарноста на ова месо, одгледувачите имаат зголемена побарувачка, па се’ повеќе производи мораат да испорачаат на пазарот.

Новата кампања која ја лансираше организацијата „ Compassion in World Farming“ има за цел да ги информира и предупреди потрошувачите, конкретно за белата линија која се наоѓа на некои парчиња од пилешкото бело месо.

Имено, белите линии се знак дека пилето имало некое мускулно заболување. Може да се јаде и не е штетно за човековото здравје, но доста говори за тоа во какви услови било одгледувано тоа пиле.

Повеќе масти

Оваа појава го намалува квалитетот на месото и го подига процентот на масти до 224%, а како што е веќе добро познато, масната храна е предизвикувач на бројни кардиоваскуларни заболувања.

На мускулни заболувања се подложни се’ поголем број на пилиња кои биле принудени да растат побрзо, за да се задоволи нормативот за продажната тежина. Тежината од три килограми некои пилиња ја достигнуаат за само 47 денови.

Во текот на 50-тите години од минатиот век, на пилињата им беше потребно 70 денови за да достигнат 1,5 килограм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This