April 20, 2024, 12:13 am

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ ПРАВИЛА: Ако летувате во Грција, внимавајте на овие правила – може да останете без возачка дозвола!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според законските прописи во Грција, за возење во папучи се предвидува парична казна од 50 евра, но уште полошо е што полицијата може да ја земе возачката дозвола на еден месец поради овој прекршок.

Ова е особено непријатно за нашите туристи што патуваат со автомобил во некои од грчките летувалишта.

Возењето во папучи или отворени чевли е забрането бидејќи може да му пречи на возачот за време на маневрирањето, а полицијата, освен главните патишта, ги контролира и приодите кон плажите.

Грчката сообраќајна полиција ригорозно казнува и за алкохол, неврзување појас и пушење во возилото во присуство на деца, објавија грчките медиуми.

Грчката метеоролошка служба најави тропски температури до 40 Целзиусови степени во наредните денови.

Министерката за туризам, Елена Кунтура, кажа дека повеќе од 4,5 милиони туристи ја посетија Грција во првите пет месеци од оваа година, што е 20,4 отсто повеќе од истиот период минатата година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This