ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТИШТАТА: Можни одpони и градежни работи во делови од земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интeнзитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одpони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен pежим на сообраќај и тоа на;

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)

-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен pежим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување на градежни работи (pехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с. Песочан) од 02.04.2019 до 11.06.2019 до 14:00 часот, сообраќајот ќе се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента .

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This