ВНИМАВАЈТЕ НА СВОИТЕ ДУЌАНИ: УЈП започна со хајка против дуќанџиите низ Скопје – контрола вршат инспектори од други градови, се пишуваат казни без дискриминација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска хајка се води против дуќанџиите низ Скопје во последните неколку дена, и тоа со инспектори кои УЈП ги „увезува“ од други градови за да вршат контроли низ главниот град

 

Десетици парични казни во висина од 1.500 до 5.000 евра биле напишани во изминатата недела, и речиси без исклучок сите биле изречени на пекари, млечни ресторани и бурекџилници во Скопје. Образложенија за пишаните казни, записници или предупредувања како што ветуваше Зоран Заев пред пишување на казната, нема.

Како што дознаваме, УЈП со ваквата хајка против пекарите има намера да се пресмета со еснафот поради зголемувањето на цената на лебот, која пак се зголеми поради зголемувањето на производните трошоци како резултат на зголемените даноци, гориво, транспорт, но и увозните давачки за житото.

Ваквата наредба паднала директно до Кочо Анѓушев, кој пак е во блиски односи со шефицата на УЈП Сања Лукаревска.

Во меѓувреме, УЈП и владата не превземаат никакви мерки за сузбивање на сивата економија, иако минатата недела остварија средба со бизнисмените на која ветиле сузбивање на ваквата нелојална конкуренција.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This