Внимавајте: Сушењето алишта на парно е штетно за вашето здравје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога времето е ладно, многумина го решаваат проблемот за сушење алишта со парното. Така тие побрзо се сушат, но ова решение може да биде ризично за вашето здравје.

Испарувањето на омекнувачот и прашокот за перење кое доаѓа при сушењето на облеката на парно го зголемува ризикот од појава на алергии.

До грејното тело секогаш треба да држите сад со вода, инаку воздухот толку многу се суши, што тоа негативно делува на слузокожата на органите за дишење. Таа станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на инфекција.

Поврзаноста на неквалитетиот воздух, сушењето на облеката на парното и иритацијата на органите за дишење ја откри истражувањето на Архитектонскиот Универзитет во Шкотска. Произлегува дека сушењето на облеката во становите ја зголемува влажноста за 30 проценти и со себе носи зголемен ризик од асма и алергии, кои особено лошо влијаат на младите.

Спротивно на предупредувањето на експертите да се пронајде подобар начин за сушење на облеката, од оваа метода не се откажуваат дури 87 проценти од домаќинствата во Глазгов, каде беше спроведено истражувањето. Фактот дека 75 од стотина домови имале влага, грини и зголемена концентрација на мувла, укажува на тоа дека лошите навики мора да се променат.

Показателите за инфекција се многубројни – хроничен замор, главоболка, кашлање, иритација на очите, грлото, кожата, како и мачнина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This