April 26, 2024, 11:54 pm

ВНИМАВАЈТE ДЕНЕС: Целосно затворена улицата „Димитрија Чуповски“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градежните работи на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на градот се пред крај и денес и утре ќе се изврши асфалтирање, заради што е воведен привремен сообраќаен режим кој предвидува скоро целосно затворање на улицата.

Од денес од 7 часот до утре (сабота) до истото време на потегот меѓу булеварите „ВМРО“ и „Свети Климент Охридски“ ќе биде слободна само десната крајна лента која води од студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон центарот на Скопје. Возилата што се движат во спpотивната насока, од центарот кон студентскиот дом кај Палома Бјанка ќе мора да вртат десно кон булеварот „Партизански одреди“, а возилата што доаѓаат од таму, ќе можат да одат право и лево – вртењето во десно за нив ќе биде забpането.

Од утре изутрина до недела до 7 часот пак, ќе биде слободна само една лента од центар кон студентскиот дом. Возилата што ќе се движат кон Центар ќе мора да вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски“. Исто така, забрането ќе биде и вртењето десно од булеварот „Свети Климент Охридски“ кон улицата „Димитрија Чуповски“, односно возилата што доаѓаат од таму ќе продолжуваат да се движат право по булеварот кон соборниот храм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This