ВНИМАНИЕТО КОН МОРБИЛИТЕ, А КОСИ И ГРИПОТ: Двојно зголемен бројот на заболени од грип, има и двајца пoчинати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројката на заболени од грип јавноста не ја знае. Според одредени информации дознаваме дека оваа недела е дуплирана бројката на заболени од грип, но Институтот за јавно здравје молчи. Последното соопштение на Институт за јавно здравство што го имаат објавено е на 07.02.2019 за период (28.01-03.02.2019) каде што известува дека бројката на заболени од грип изнесува 1.252 лица.

Зошто како Институт за јавно здравје, не пуштија соопштение во текот на овие недели да не известат за моменталната состојба на заболени лица, по пoчинaтитe 2 лица од грип. Дали се крие реалната бројка од граѓаните со цел да не предизвикаат паника бидејќи и така лекови веќе по аптеките нема.

Лекот „тамифлу“ го нема, граѓаните и вработените од клиниките тврдат дека нема доволно количина на овој лек. Пациенти болни од грип се жалат дека не добиле терапија со „тамифлу“, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале дека „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките.

Со овие примери само се покажува дека ресорниот министер Венко Филипче во изјавите ги прикрива недостатоците на министерството здравство и очигледно сака да сокрие дека е неспособен за да се избори со пречките кои ги носи самиот здравствен систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This