Внимание: Проверете дали вашиот лаптоп, скришно ве снима!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали понекогаш се чувствувате параноично и мислите дека некој сака да ги украде вашите дигитални информации? Не треба премногу да се грижите, но важно е да бидете внимателни и да водите сметка за знаците кои укажуваат на тоа

Ако до својата банкарска сметка пристапувате преку компјутер или на истиот чувате доверливи податоци за вашата фирма, тогаш морате да водите повеќе грижа за заштита на вашиот компјутер.

Нема причини за страв. Начините да ги сочувате доверливите информации се бројни, на вас е само да се определите за најбезбедните. Но пред да се впуштите во нивен избор, важно е да знаете да ги препознаете сите знаци дека некој сака да упадне во вашиот компјутерски систем. Ние ќе ви откриеме неколку од тие знаци.

Антивирусот ви е исклучен

Еден од првите програми кои ќе ги инсталирате на својот компјутер, штом го купите и го подигнете системот, е токму антивирусот. На сите им е неопходна добра заштита од сите непосакувани пости и неповолни надворешни влијанија.

Меѓутоа, ако имате антивирус, и забележите дека е искучен, тоа е сигурен знак дека би требало да се загрижите. Скенирајте го целиот систем и повторно вклучете ги безбедносните програми, променете ги лозинките и прегедајте ги податоците.

Лозинките не функционираат

Кога ќе креирате лозинка трудете се да не се повторувате, да не користите изрази кои личат на вашето електронско сандаче или нешто што би било карактеристично за вас и што може да се истражи. Најдобар совет е вашите лозинки да бидат низови на случајно избрани бувки и бројки.

Исто така, трудете се за сите налози да користите различни лозинки, за да ја избегнете можноста за упад на сите ваши компјутери.

Ако забележите дека лозинката која сте ја внеле не функционеира, а не сте ја промениле, веднаш пријавете на техничка поддршка за несакани упади и превземете ги сите мерки за заштита.

Забележувате нови програми

Некогаш е тешко да следите што се сте инсталирале, сите ажурирања на софтверот и придружните апликации кои сами се појавиле при поставувањето на некоја нова верзија на програмот.

Сепак, од време на време прелистајте се што во моментот имате активно и обратете внимание на сите новини. Ако пронајдете назив кој вам не ви делува познати и кој не можете да го поврзете со ниту еден активен софтвер, избришете го, бидејќи тоа може да биде прорам кој некој отстрана го уфрлил бидејќи се обидел да ги превземе вашите податоци на овој начин. Повторно, темелно исчистете го системот ако заблежите нешто вакво.

Прегледајте ја својата веб-камера

Речиси секој нов лаптоп на себе има веб камера. Дури и доколку немате преносен компјутер, веројатно на домашниот имате УСБ камера која ја користите за Скајп разговори и слично.

Обрнете внимание од време на време. Знаете дека за врем на снимањето овој уред има вклучена сијаличка. Некаде таа е зелена, некаде црвена, но секако на некој начин сигнализира дека е активна.

Ако е така и кај вас, а во моменто не сте на Скајп, ниту го користите овој уред, тогаш некој веројатно успеал да го хакира овој мал геџет за да ве снима. Делува застрашувачки, но ова е лесно да се забележи и брзо да се реагира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This