ВНУЦИТЕ НА АЦО ШОПОВ: Нема крај на проститулокот на Саша Богдановиќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мила Шопова, внука на еден од најголемите македонски литерати Ацо Шопов реагира на одлуката на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и советниците во општината со која се укинуваат две читални кои ги носат имињата на Славко Јаневски и Ацо Шопов, пренесува Експрес.

“Освен во бетон ќе не удавите и во простотлук. Затворивте два јавни простори, читалници, една од нив именувана по Ацо Шопов, долгогодишен жител на општина Центар, по Втората светска војна се’ до неговата смрт.

Прво, со жителство на ул. Чедомир Миндеровиќ, во куќата на мојот прадедо, на чија фасада надвисната е спомен плоча и на воениот херој Здравко Цветковски, негов баџанак.

Во таа дебармаалска куќа Ацо Шопов ги испиша првите повоени стихови во слободно Скопје, а таму се роди и неговото прво дете, мојот татко. Дедо ми Ацо потоа живееше погоре, некаде околу Ганчо Хаџипанзов. Токму на пол пат меѓу двата негови скопски домови во Центар се наоѓаше и читалницата.

Наместо програми за анимација на млади читатели, општината Центар ги ништи литературните катчиња, јавни простории во кои може да се дише, живее и дооформува историјата и дејноста што ја испишаа и оформија нивните патрони.

Како жител на општината и внука на Ацо Шопов ќе барам да ја преиспитате одлуката и наместо затворање да овозможите читалниците да се обогатат со програми за млади читатели и литературни случувања”, пишува Мила Шопова при што ги користи хаштазите #Воодбрананаградот и #Правотонаград. На барањето се потпишани и Александар Шопов и Јасмина Шопова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This